Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Најчесто поставувани прашања Испечати Е-пошта

    
 
1. Што се подразбира под корупција?

2. Што спаѓа во надлежност на Државната комисија?    

3. Кој може да се обрати до Државната комисија?    

4. Како да се обратам до Државната комисија?

5. Кој има обврска да пријави имот?

6. Кога се пријавува промена во имотната состојба? 

7. Како се одвива процесот на работа по преставки? 

 

1. Што се подразбира под корупција?

- Под корупција во смисла на овој закон се подразбира искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за остварување на каква и да било корист за себе или за друг    

2. Што спаѓа во надлежност на Државната комисија?

- Државната комисија има надлеженост да ги утврдува мерките за спречување на корупцијата во политиката, во вршењето на власта и во вршењето на доверени јавни овластувања, мерките за спречување на судирот на интереси, како и мерките за спречување на корупцијата при вршење на работи од јавен интерес и други дејности на правните лица сврзани со остварување на власта.
(За подетално види член 49 од Законот за спречување на корупција)

- Донесува државни програми за превенцијаи за репресија на корупцијата и судирот на интереси.

- Работи врз унапредување на антикорупциската регулатива.

- Покренува иницијативи за кривична, прекршочна и друг вид одговорност.

- Ја евидентира и следи имотната состојбана функционерите.

- Соработува со домашни и со сродни меѓународни институции.

- Ги координира активностите за спречување со корупцијата и со судирот на интереси.

- Работи на јакнење на свеста на јавноста за негативниот карактер на корупцијата и на судирот на интереси.

- Придонесува за остварување на начелото на јавност во работењето.  


3. Кој може да се обрати до Државната комисија?

- Секој граѓанин има право да спречи или да пријави постапка што претставува злоупотреба на вршење на јавни и други функции и должности, со која се остварува лична корист или му се нанесува штета на друг, без да трпи за тоа какви и да било штетни последици.
   


4. Како да се обратам до Државната комисија?

- Граѓаните своите претставки ги доставуваат во писмена форма во архивата на Државната комисија или по пошта на адреса:
Државна комисија за спречување на корупцијата, Даме Груев бр.1 , 1000 Скопје.
   


5. Кој има обврска да пријави имот?

- Избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, службено лице при изборот, именувањето односно по вработувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, вработувањето или стапување на должност, пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство. Исто така, во прилог со анкетниот лист депонира и заверена изјава кај нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки. Анкетниот лист и изјавата се доставуваат до Државната комисија и Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, а службеното лице до органот, односно правното лице во кое се вработува.
Наведените лица имаат обврска да пополнат Анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата односно престанувањето на вработувањето.
Избраниот или именуван функционер, одговорното лице во јавното претпријатие, во јавната установа или друго правно лице што располага со државен капитал, има обврска да ја извести Државната комисија доколку има промена на функцијата односно својството.
   


6. Кога се пријавува промена во имотната состојба?

Секое лице што согласно Законот има обврска да достави анкетен лист за имотната состојба, должно е да го пријави и секое зголемување на неговиот имот, односно на имотот на член на неговото семејство, како што е изградба на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобил или други подвижни предмети во вредност што надминува износ од дваесет просечни плати остварени во стопанството во предходниот тримесечен период во Републиката. Кон пријавата што се доставува до Државната комисија и Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје се приложува и договор или друг документ што е основа за располагање со имотот, како и документ за начинот на извршеното плаќање.

 

6. Коако се одвива процесот на работа по преставки?proces
 

 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo