Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Соопштение

sredba

19.05.2015 Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на Република Германија на 18 и 19 мај организираше тематски работилници со пратениците во Собранието на Република Македонија..

Работилниците се дел од компонентата 3 на ИПА Твининг проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“. Во рамките на Проектот се развиени 8 компоненти со активности посебно значајни за земјата и со учество на сите надлежни институции.

Воведно обраќање на работилниците имаше проектниот лидер на ИПА Твининг проектот и член на ДКСК д-р Игор Тантуровски, а свое обраќање имаше Драго Кос, врвен меѓународен експерт за антикорупција, претседавач со Работната група OECD за корупција во меѓународните бизнис трансакции и поранешен претседавач на Комисијата за спречување на корупција во Словенија.

Прочитај повеќе...
 
Соопштение
logo-kontakt_50

15.05.2015 Врз основа на одредбите од Законот за спречување на корупцијата (Службен весник на РМ бр.28/02; 46/04; 126/06; 10/08; 161/08 и 145/10) и Законот за спречување судир на интереси (70/07; 114/09 и 06/12), Државната комисија за спречување на корупцијата го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се повикуваат сите избрани и именувани функционери да ги применуваат следните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата:

  • доколку имаат промена на личните податоците, адреса на живеење или податоците за контакт наведени во анкетниот лист или изјавата за интереси потребно е за тоа веднаш да ја известат Државната комисија за спречување на корупцијата;
  • образецот на анкетниот лист, образецот за пријавување на промени на имотната состојба и изјавата за интереси да се пополнуваат електронски и потпишани да се доставуваат до Државната комисија;
  • промените на имотната состојба да се пријавуваат на образецот за пријавување промени на имотната состојба што е објавен на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата;
  • наведените обрасци може да се пополнуваат и рачно, но уредно и читливо со внесување на бараните податоци во сите графи;
  • во образецот за пријавување на промени на имотната состојба да се прецизира промената, односно да се внесат сите податоци за имотот што се стекнува;

 

ДРЖАВНА КОМИСИЈА
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

 

 
ИПА Твиниг проект
"ПОДДРШКА ЗА ЕФИКАСНА ПРЕВЕНЦИЈА И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА"
- Активности
logo-kontakt_50

13.05.2015 Државната комисија за спречување на корупцијата ги реализира активностите кои произлегуваат од твининг проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“, кој претставува дел од Програмата ИПА 2010 на Европската унија, а партнери во реализацијата на проектот се ДКСК и Сојузното биро за администрација на Република Германија.

Проект лидер на ИПА ТВИНИГ проектот е членот на ДКСК д-р Игор Тантуровски.

Државната комисија за спречување на корупцијата одржа повеќе работни средби со експерти од Германија за реализација на тековните активности. Се одржа работна средба со Марио Освалд експерт за компонентите 4 „Развој на правна и институционална рамка и ИТ систем за превенција и репресија на корупцијата“ и компонентата 6 „Воспоставување доследна евиденција за анкетните листови и изјавите на интереси “ и со експертите Клаудија Корстен и Волфганг Милер за компонентата 5 „Јакнење на јавната свест за спречување на корупцијата“.

Следни активности:

На ден 18-19 мај 2015 година Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со експертот Драго Кос ќе одржи работилница за пратениците во Собранието на Република Македонија.

ДКСК во соработка со германскиот проектен партнер на ден 20-22 мај 2015 година ќе одржи семинар „Обука за обучувачи“ што претставува дел од компонентата 3 од ИПА - Твиниг проектот.

 
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВА ДРЖАВНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И РЕПРЕСИЈА НА КОРУПЦИЈАТА И ПРЕВЕНЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА ПОЈАВАТА НА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ 2016-2019

 

logo-kontakt_50

13.05.2015 Крајот на годинава истекува постојната Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015. Оваа програма претставуваше унапредување на антикорупциско работење со користење на секторски пристап, проценка на ранливите точки и причините за недоволното спроведување на законите и со фокус на развој на средства за спроведување и подобрување на капацитетите. Секторскиот пристап овозможи фокусиран пристап на реформските напори кои директно влијаат врз јавноста наместо долга листа на можни реформи кои може, но не мора да имаат влијание врз извршувањето на јавните услуги. Проценките на ранливоста во секторите откриваат каде се реалните можности за корупција и овозможуваат насочени и мерливи активности за намалување на таквите можности. Ваквиот пристап овозможи поефективно делување во насока на намалување на корупцијата преку стеснување на фокусот на реформските напори и обезбедува поефективно следење и вреднување на постигнатиот напредок.

Имајќи предвид дека се работи за програма која веќе истекува, Државна комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси, како тело одговорно за спроведување на мерките за спречување на корупцијата и судирот на интереси и утврдена надлежност за донесување на Државни програми за превенција и репресија на корупцијата и Акционен план за нивно остварување и за донесување Државна програма со Акционен план за превенција и намалување на појавата на судир на интереси, започна со подготвителни активности околу подготовка на нови Државни програми 2016-2019. Се работи за сложен и комплексен процес во кој се очекува инволвираност и партиципативност на претставници од голем број институции од извршната, законодавната и судската власт, како и вклучување на претставници од локалната самоуправа, приватниот сектор и невладините организации, преку низа работни состаноци, работилници, спроведување анализи, се очекува процесот од отпочнување до финализирање на овој стратешки документ да трае се до крајот на 2015 година.


Прочитај повеќе...
 
Соопштение
press 09.12.2010 019

  22.04.2015

Актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 22.04.2015 година одржа работна средба со членовите на претходниот состав на Државната комисија.


На средбата присуствуваа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков и членовите на ДКСК д-р Игор Тантуровски, м-р Жаклина Дамческа, д-р Фарије Алиу, Сејди Халили, Најдо Спасевски и м-р Сузана Таскова-Аџикотарева, како и членовите на претходниот состав на ДКСК Мирјана Димовска, Зоран Додевски, м-р Љубинка Корабоска и Љубинка Муратовска Маркова.

Актуелниот и претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата на работната средбата разменија досегашни искуства и активности потенцирајќи ја важноста од спречувањето и борбата против корупцијата, вклучувајќи ги ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон граѓаните, како и интегритетот во рамки на меѓународните и националните правни, институционални и програмски инструменти.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 5 од 94

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА Твининг проект 2010

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

ДКСК

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести